Fine Design Academy

Fine Design Academy е 6 месечна онлајн академија за префинет дизајн која што ќе се осврне на:
-Внатрешна архитектура
-Дизајн на мебел
-Дизајн на урбана опрема

Искуството од последните години покажа дека штотуку завршените архитекти не можат да се снајдат, т.е. да најдат работа во првата година по завршување на факултетот, па затоа оваа обука е фокусирана да ги спреми архитектите за побрзо адаптирање на локалниот и странскиот пазар.
Оваа академија е наменети за студенти по архитектура, ентериер или дизајн кои што се во последна година од нивните студии или се завршени, како и за млади архитекти и дизајнери на ентериер и мебел. 
Главен фокус ќе биде дадено на
-Внатрешна архитектура
-Дизајн на урбана опрема
-Дизајн на мебел
Исто така ќе се одржат предавања од
– Маркетинг

– Промоција
– Бизнис менаџмент
Пристапот кон проектите ќе биде идентичен како и во реалниот живот.
Учесниците ќе имаат можност да работат на уредување на станови, ресторани, барови, канцеларии; дизајн на парче мебел и изведба на истото, како и дизајн и изведба на урбана опрема во нашата земја и странство. 
Ќе разговараат со вистински и замислени клиенти, со што ќе вежбаат да ја промовираат својата идеја.
За време на академијата учесниците ќе можат да се запознаат со производители и увозници на сите материјали и елементи кои се употребуваат во внатрешното уредување.
Ќе се организираат посети во нивните компании и ќе се дознаат најновите технологии и трендови.
Академијата е во вкупно времетраење од 6 месеци.

Од учесниците се очекува да се достапни во текот на 6те месеци.
Програмата ќе биде интензивна и бара целосна вклученост.
Погодни кандидати се оние кои што тукушто завршиле или се во последна година од студиите по архитектура или дизајн на ентериер и мебел.

Академијата започнува во септември 2021 година.


Професори и ментори

Sara Simoska - Директор на Академијата
Srdan Nad - Професор по Дизајн на мебел
TA.R.I. Architects - Професори по Урбана Опрема
Dejan Todorovic - Професор по Дизајн на Ентериер
Martin Dimitrijev - Ментор за осветлување
Angela Stefanovska - Ментор за продукт дизајн



повеќе предавачи ќе бидат додадени наскоро...


производители

Mahagoni




повеќе производители ќе бидат додадени наскоро...


партиципација

До 15ти март – Рана пријава – завршено 

1500 евра

До 15ти мај – Регуларна пријава – слободни уште 5 места

1800 евра

До 15ти Август – Доцна пријава

2000 евра

Можност за плаќање на повеќе рати (1-10 месечни рати)

пријави се

Краен рок за регуларна пријава
15/05/2021

Пријави се со пополнување на формата

Резултати 25/05/2021

Апликации по крајниот рок не се прифаќаат.

Доколку имате прашања пишете на info@meleemskopje.com

 

Документи за спуштање

Fine Design Academy Brief
Прочитај подетално за целата програма во документот.